1 Corinthians 8
1 Што се однесува, пак, до месото клано за идоли, мислам дека сите имаме разум. Умот возгордува, а љубовта изградува.
2 Ако некој мисли дека нешто знае, тој уште ништо не узнал, како што треба да знае.
3 Ако, пак, некој Го сака Бога, Бог него го знае.
4 А по однос јадењето на идолски жртви, знаеме дека идолот не е ништо на светов и дека друг Бог нема, освен Единиот.
5 Зашто, иако само по име има богови, било на небото, било на земјата, како што има многу богови и многу господиновци,
6 сепак ние имаме само еден Бог Отец, од Кого е сѐ, и ние сме во Него, и еден Господ Исус Христос, преку Кого е сѐ и ние сме преку него.
7 Но, во секого нема знаење: некои според досегашното знаење за идолите јадат жртви идолски како такви, а совеста нивна, бидејќи немоќна, им се осквернува.
8 Храната не нѐ приближува кон Бога, оти ниту што добиваме, ако јадеме, ниту нешто губиме, ако не јадеме.
9 Но пазете се, пак, таа ваша слобода да не стане некако соблазан за слабите.
10 Зашто ако некој те види тебе, што знаеш, како седиш на трпеза во идолопоклонички храм, нема ли неговата совест, бидејќи слаба, да се одлучи, та и тој да јаде идолски жртви?
11 И при твоето знаење ќе загине немоќниот браат, за кого умрел Христос.
12 И така, грешејќи против браќата и ранувајќи ја нивната слаба совест, вие грешите против Христа.
13 Затоа, штом храната го соблазнува мојот брат, тогаш нема никогаш да јадам месо, за да не го соблазнувам својот брат.